
Второлигашот Кожуф од Гевгелија остана без капитенот, откако Бојан Иванов по година и пол заминува од клубот и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
29-годишникот во Кожуф пристигна од редовите на Работнички, а претходно беше дел од Слога Виница, Рудар од Пробиштип, Каменица Саса, радовишка Плачковица, штипска Брегалница, Брера Струмица, Овче Поле, Борец и Македонија ЃП.
„Кожуф и Гевгелија, Ви благодарам за укажаната доверба од година и пол. Беше голема чест и задоволство да се носи црвено-белиот дрес, но и огромна привилегија и одговорност да се биде капитен на одлични момци и фудбалери, пред се добри луѓе“, рече Иванов по заминувањето од Кожуф.
Иванов беше стрелец на фантастични погодоци во дресот на Кожуф. Второлигашот од Гевгелија сезоната во Втората македонска фудбалска лига ја заврши на 10. место со 38 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет