
Финансиски средства има, но не и изведувач. Изградбата на Клиничка болница Штип е стопирана бидејќи изведувачот е фирма која отиде во стечај, истакна премиерот Димитар Ковачевски вчера од Пробиштип. Според него ваквата ситуација со изградбата на новата болница на Штип се препишува на претходната Власт, и проектот сѐ уште стои не реализиран.
„Клиничката болница имаше изведувач кој што практично отиде во стечај и тоа беше изведувачот Бетон. Заради неисполнетите обврски од договорот за финансирање кој е од странска институција, таа институција пред извесен период кажа дека не може да финансира прокет кој е со изведувач кој е копанија во стечај. Јас да бидам искрен ова оди на душа на претходната Власт која беше до 2016 година со оглед на тоа дека процесите тогаш се случувале. Во моментот Министерството за финансии и Министерството за здравство работат на изнаоѓање на нов финансиер кој ќе ја скенира ситуацијата и ќе одлучи за продолжување понатаму на работите“ – кажа Ковачевски.
Како што истакна Ковачевски мора да се најде институција која ќе може до крај да ги заврши работите и да се до изгради новата Клиничка болница во Штип.
Изградбата на новата Клиничка болница во Штип започна во 2016 година, а првично беше предвидено да биде завршена до 2018 година. Според претходниот министер за здравство изградбата требаше да заврши 2019 година со мало задоцонување. Но, и по четири години откако првично требаше да заврши изградбата новата Клиничка болница е оставена речиси на пола. Финансиските средства беа стопирани, а штипски Бетон и грчки Интеркат неколку пати се најдоа пред Суд.
Лаура Стојанова М-Нет