
Второлигашот Каменица Саса во понеделник ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната, „рударите“ за цел ќе имаат да го изборат опстанокот во второлигашкото друштво.
Есенскиот дел Саса го заврши во бараж зоната односно на десеттото место со 17 бодови, а од зоната за директен опстанок односно од осмото место разликата е седум бодови.
Во моментот се водат преговори за ангажман на нови засилувања, а во следниот период ќе биде познато кои играчи ќе пристигна во Македонска Каменица. Од клубот има три заминувања.
Околу пријателските натпревари кон крајот на јануари е договорен тест со Тетекс, потоа ќе има двапати тестирање со штипскa Брегалница, а се води преговори за уште еден до два контролни натпревари.
Пролетниот дел Каменица Саса го отвара против Осогово во Кочани во дерби на 16-тата рунда или првото пролетно коло.
Александар Ванев, М-Нет