Каква е опасноста од отворените бандери за улично осветлување во Штип?

Отворени бандери за улично осветлување во Штип, огромна опасност за граѓаните, за повозрасните, а најмногу за децата. Каблите со струја се гледаат со голо око, а приота се на дофат на рака за секој поединец.

Овие бандери можеа да се забележат и во периферните делови на градот под Исарот  и во централното градско подрачје. Опасноста од истите е на виско ниво. Одговор за ситуацијата побаравме и од наделжните, од ЈП „Стипион“. Новиот директор Коштанов во писмено соопштение за М-Нет телевизија напиша дека се работи постојано на нива санација, но и дека дополнително ќе продолжат со работа.

„Повеќе пати во последните три години се превземени активности за санирање, ќе ја повториме постапката на лоцираните места и места кои дополнително ќе бидат лоцирани, се до целосно санирање и до одреден период да бидат затворени истите.“ – кажа Коштанов.

Проблемот со отворени бандери според надлежните настанува и од страна на граѓаните бидејќи ги уништуваат и крадат затворите и со тоа предизвикуваат опасност за останатите граѓани во Градот под Исарот. Коштанов со апел до граѓаните.

„Апелираме граѓаните да не ги оштетуваат и крадат, бидејќи може да предизвика опасност!“ – истакна тој.

Лаура Стојанова М-Нет