
Телефонски повици и понуди за заработка на брзи пари. Штипјанка реагира дека добила телефонски повик од непознато лице кое и нудело да заработи пари преку инсталирање на апликација.
Ваквата прака во државата е се почеста, а многу често граѓаните наседнуваат на ваквите измами, па остануваат и без сопствените пари. Токму затоа претходниот период и од МВР апелираа на внимателност, да не споделуваат лични податоци, банкарски податоци или пак лозинки преку мобилен телефон. Измамниците, велат од МВР, најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании, со цел да ги измамат жртвите.
Оттаму велат дека доколку се сомневаат оти се жртва на измама, веднаш случајот да го пријават во најблиската полициска станица.
„Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами што се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на бројот. Овие измами, во последно време се сè почести, а имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи информации или финансиски средства“, – велат од министерството.
Според Секторот за компјутерски криминал, од направените проверки во врска со телефонските измами е утврдено дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки.
Една од нив е услуга за глас преку интернет-протокол, со што се овозможува да се вршат повици преку интернет. Многу провајдери нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви.
Втора е апликацијата за лажирање е алатка што овозможува корисниците да го изменат бројот што се прикажува.
Трета, според МВР, се приватни разменувачки мрежи кои можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат Caller ID за професионални цели.
На крајот е SIM-замената, како измамничка техника при која напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на друга SIM-картичка за да пресретнат повици и пораки.
Лаура Стојанова М-Нет