Здравков за М Нет: Да го повториме натпреварот од Кратово и против Шкендија, со поддршка од верната „Фаланга“ и штипската публика очекуваме позитивен резултат

Брегалница утре против Шкендија на Градскиот стадион во Штип го отвара 28. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпревар кој е огромно значење и за двете екипи кога е во прашање излезот во Европа.

Брегалница во претходното коло одигра перфектен натпревар, но поради поништен чист гол, за што потврди и судиската анализа на Фудбалската федерација на Македонија, штипските „сини“ наместо три бодови на своето конто и во таков случај Брегалница ќе беше во сериозно позиција да го напаѓа и второто место на табелата, на крај мораше да ги подели бодовите со Силекс, не по своја вина.

Дербито со Шкендија ќе биде можеби повеќе одлучувачко за Брегалница и освојување на некое од местата за Европа. Четвртото место е реална можност за Брегалница, но ќе треба Струга да го освои Купот на Македонија, а од друга страна реално е освојувањето и на третото место, па во таков случај, без разлика од исходот во финалето од Купот, Брегалница ќе излезе во Европа.

Штипскиот прволигаш е комплетен и максимално подготвен за Шкендија. „Сините“ играат во перфектна форма оваа пролет, но во одлична форма со пет победи на последните пет натпревари игра и Шкендија, па тоа ќе биде најава за одличен фудбал во Штип.

Тренерот на Брегалница, Горан Здравков за телевизија М Нет вели дека во Кратово, Брегалница беше оштетена за поништен чист гол, но тоа е минато и сега се сконцентрирани на натпревар против тетовска Шкендија, додава дека на располагање ги има сите фудбалери за дербито со поранешниот шампион на Македонија.

„На располагање ги имам сите фудбалери за натпреварот со Шкендија. Во форма сме, но и екипата на Шкендија е во одлична форма. Да го повториме натпреварот против Силекс каде одигравме одлично во Кратово, но бевме оштетени за понишетен чист гол, но тоа е минато, а сега сме сконцентрирани на натпреварот против Шкендија, каде со поддршка од верната „Фаланга“ и штипската публика очекуваме позитивен резултат на домашниот терен во Штип“, вели Здравков за телевизија М Нет.

За Брегалница предност ќе биде домашниот терен, поддршката од верната „Фаланга“, како и штипската публика. Натпреварот се игра утре со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Штип, а главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.