За прв пат организирана крводарителска акција по повод денот на студентите во Штип

Да се дарува крв за да се спаси нечии живот во вакви тешки времиња е повеќе од човечност. За таа цел, денеска на денот на студентите 17 ноември, се одржа крводарителска акција во просториите на Црвениот крст Штип во соработка со студентското собрание при Универзитетот „Гоце делчев“ Штип. Крводарителската акција се одвиваше во периодот од 10 до 15часот. Одлуката за донесување на истата беше кажана пред една недела, со објавување на социјалните мрежи и лепење постери на видливи места во Општина Штип. Со тоа што станува збор за хуманитарна акција организирана за прв пат од студентите не значи дека само тие можеа да бидат дел од хуманиот гест. Секој еден граѓанин кој сметаше дека неговата крв ќе спаси живот беше во просториите на Црвениот крст Штип. До 13:30 часот имаше 20 собрани единици крв, а до крајот се очекува бројот да биде зголемен.

Лаура Стојанова М-Нет