
Засилени контроли за користење мобилен телефон и слушалки кај возачите и пешаците спроведува МВР. Според податоците, користењето мобилен телефон при возење го зголемува ризикот од сообраќајна несреќа и до 20 пати. Од министерството апелираат, возачите да останат фокусирани, бидејќи мало невнимание може да заврши трагично. Контролите се дел од меѓународната кампања „Фокус на патот“, што паралелно се реализира во 34 европски држави.
,,Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот. Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица. Рацете на воланот, очите на патот – телефонот почекајте го подоцна.“, велат од МВР
Целта како што посочуваат од министерството е јасна, да се намали бројот на несреќи предизвикани од мобилен телефон или сушалки, особено кај возачите, но и кај пешаците кои често во минатото преминуваа така на улица.
Иван Митев, М-Нет