
Почнува уредувањето на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Нови тротоарски површини, хортикултурно уредување, а потоа и нов асфалт на коловозот се активностите кои таму ќе се спроведуваат со цел да се уреди влезот во градот.
„Започнуваме со уредување со влезниот булевар во општина Штип, булеварот „Гоце Делчев“. Овој потег ќе биде уреден со тротоарска површина, со уредување на зелената средишна површина и со гребење и асфалтирање на коловозот. Во прва фаза Општина Штип ќе инвестира во тротоарската површина и во хортикултурното уредување на средишниот дел, а во следниот дел „Македонија пат“ има обврска да го изгребе и асфалтира коловозот на овој потег“, истакна градоначалникот Иван Јорданов.
Финансиските средства за овој проект и целосно уредување на потегот дополнително ќе се утврдуваат со оглед на тоа што во проектот ќе учествува и ЈП „Македонија пат“.
Ребека Спасова М-Нет