
Започна овогодишеното издание на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ во штипски Караорман. турнирот беше отворен во петокот со еден од два натпревари. Роло Тренд со убедливи 8:3 го декласираше тимот на ПВЦ Петров, додека пак вториот меч помеѓу Такси Де Лукс и Фруктана е одложен за денес од 20 часот.
Вчера беа одиграни три натпревари. Екипата на КМФ Кратово со убедливи 0:12 го декласираше составот на Таргет и најавува борба за освојување на турнирот, додека пак Бако Транс со 2:4 ја доби екипата на Винска Куќа Радање. Во интересен и неизвесен меч Агро Леона загуби од КПД Штип со 1:2.
Вечерва ќе се одиграат три натпревари. Екипата на Puzzle Brains ќе игра против Bioracer, Месарница кај ГОце ќе се соочи со Мастер Мустафа, а ќе се одигра и одложениот меч меѓу Радио Такси Де Лукс и Фруктана.
Најдобрите две екипи од сите групи ќе обезбедат пласман во следната фаза.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.

