
Денеска започна седмата по ред зимска школа во штипската библиотека Гоце Делчев. Околу 40 пријавени дечиња од основните училишта во Штип тре дена предку забава ќе се едуцираат и ќе го искористат рационално своето слободно време.
„Ќе започнеме со воведување на информации околу самата зимска школа, да се запознаат едни со други и да си кажат некои интересни работи за себе. Има и зимска школа квиз во кахут кој е многу интересен за децата и кој го одговараат. Тоа се знаења за Македонија и за светот“ – вели Јованова.
Целта на зимскаташкола е децата за време на распустот времето да го минуваат квалитетно, да другаруваат, но и да научат многу нови работи. Годинава зимската школа ќе биде со активности само во бибиотеката Гоце Делчев, а за завршен настан е планирано караоке.
„Бидејќи самата школа овозможува забавни, но и едукативни содржини им помага на учениците кои се на распуст и навистина имаат многу слободно време, се пред телевизор или пред компјуте, ќе вклучеме и телефон, но во едукативна смисла. Сакаме да ги тргнеме децата од околината која ги опкружува технологијата дома и да ги воведеме во свет на книгата и забавата. Најголемата придобивка и важност ни е да се дружеме, да научат тимска работа како да работат во групи, да развиваат емпатија едни кон други и да бидат пријатели.“ – додава Јованова.
Зимската школа е бесплатна и се одржува три дена по ред во периодот од 10 до 13 часот. Акцент се става на читањето книги и придобивките на дечињата од запознавањето со книгите и читењето на истите.
Лаура Стојанова М-Нет