
Се подoбрува ефикасноста на јавните претпријатија во Штип во интерес на граѓаните. Ако до вчера се работеше на асфалтирање, пробивање и реконструкција на улици, утринава дојде на ред и населбата Три чешми, каде се чистеа мини депониите и се уредуваше просторот, како што беше и најавено. Јорданов истакна дека ова е почеток и дека нема да застанат овде.
„Денес сме во населба Три чешми. Започнуваме со една активност со јавните претпријатија за чистење на улиците, пробивање, уредување на спортските и детски игралишта. Во текот на вчерашниот ден започнавме и со промена на уличното осветлување. Ја подобруваме ефикасноста на јавните претпријатија во интерес на граѓаните на Општина Штип. Денес сме овде, но нема да застанеме. Ќе ги утврдиме сите приоритети на населба Три Чешми и во наредниот период со сите расположливи капацитети ќе пристапиме кон подобрување на постоечката инфраструктура“, кажа Јорданов.
Денес конкретно беа преземени неколку активности во оваа населба од страна на двете јавни претпријатија во Штип. Се чистеше, уредуваше и преку разговор со жителите се утврдија нивните потреби.
Жителите од оваа населба се задоволни од активностите преземени од новата Власт. Велат дека има уште да се направи, но добро е што од некаде почнало да се работи. Сепак, согласни се дека потребна е и совесност од граѓаните, она што се прави да се чува и да не се загадува.
„Приклучокот од Скопје за влез во Три Чешми не направен. Од која причина, не знам, треба да преземат надлежните мерки.“
„Синоќа беше како ден, многу е убаво осветлувањето, не знам што како, ама направија. Убаво е убаво, што правите вие младите сѐ е убаво.“
Активностите нема да завршат денес, ќе се работи и во наредните денови сѐ до завршување на предвидените активности. И не само во оваа населба, туку и во останатите населни места во градот под Исарот.
Ребека Спасова М-Нет