
Успешно заврши второто издание на ноќинот турнир „Малеш Куп“ во Берово. Екипата на Борово стебло – Тони и Синовето е овогодишене освојувач на турнирот.
„Малеш Куп“ уште еднаш потврди дека е турнир со многу голема и одлична организација, турнир кој го привлече вниманието на екипи од целиот регион, интересот кај публиката беше голем, која секоја вечер уживаше во фудбалската мајсторија, во неизвеноста, во прекрасните погодоци, во одлични интервенции кај голманите за поголема страст на натпревари.
Во големото финале се судрија екипите на Борово стебло – Тони и Синовето и екипата на Pub Делчево, сепак по нерешениот резултат кој беше одлика на црврт и тежок натпревар, победникот се решаваше во пенал-рулетот каде подобра беше екипата на Борово стебло – Тони и Синовето.
Во натпреварот за трето место екипат ана Еклектик беше подобра од Манто 2013 и го освои третото место на табелата.
За најдобар голман беше избран Марио Костевски, играч со најмногу погодоци на турнирот беше Тони Мичковски, а за најдобар играч на овогодинешниот турнир беше избран Антон Ратков.
Телевизија М Нет беше медиумски покровител на овој спортски настан во Берово.