
Дете претепано од негов врскник во Штип. Селами Сулејман е татко на малолетен син. Живеат во село Шашаварлија штипско, а детето учи во ООУ Гоце Делчев во Штип. Синоќа кога си отишол дома разбрал дека неговиот син во училиштето бил претепан од негов врсник. Револтиран пред камерите на М-Нет телевизија раскажува како од училиштето немало никаква реакција, а неговиот син со модринки и едвај жива глава го преживеал денот.
Сулејман вели дека надлежнието во училиштето се запознаени со проблемот, но реакција од нивна страна немало. Бидејќи децата се малолетни ништо не презеле ниту од полициската станица каде исто така е пријавен случајот. Според таткото детето насилнички се однесувало уште во селото и бара поголема ажурност од институциите за безбодноста на неговиот син и другите деца додека се на училиште.
„Знаат ама не можеме ништо да направеме, зошто ги пуштаме децата на училиште да ги тепа некој ли. Бев и во полиција, малолетни се велат и дека не можат ништо да преземат. Нашите деца не се безбедни во училиште. “ – додава Сулејман.
Директорот на ОУ Гоце Делчев Штип, Зоран Митев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека со случајот бил запознаен утринава кога родителот дошол на разговор во училиштето. Тој тврди дека настанот се случил вчера во селото Шашаварлија додека децата чекале превоз, а не во училиштето. Истовремено, додава дека психологот и педагогот во училиштето ги презеле потребните мерки, а на разговор биле повикани и родителите на децата. Митев посочува дека децата се безбедни во училиштето и дека за секој проблем навремено се реагира.
Лаура Стојанова М-Нет