
На 04.06.2022 во 15,20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.“Карпошева“ со ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „јамаха“ со кочански регистарски ознаки, управуван од П.А.(29) од Кочани, и товарно моторно возило “фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатничката Т.С.(20) од Кочани констатирани во ЈЗУ Свети Николе. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
На 04.06.2022 во 18.00 часот било пријавено дека на патот Миладиновци–Штип кај клучка Север-Свети Николе моторцикл “априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(54) од Тетово излетал надвор од коловозот. Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.