
Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.
Од 18:05 ч. сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, е во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.