
Нов меч под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, Брегалница против Детонит Плачковица во вечерен термин од 17 часот, натпревар од 10. коло на Втората лига, меч кој ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Штипјани ќе имаат нова можност да проследат меч под рефлектори, а ова ќе биде дерби на штипскиот и радовишкиот тим, но соочување и на двајца штипски тренери Влатко Костов и Горан Здравков.
Брегалница е непоразен тим, во одлична победничка форма ќе бара нов осми триумф и со тоа да го чува врвот од табелата, а од друга страна и Детонит Плачковица во Штип доаѓа во победничка форма и ќе се обиде да биде првиот тим кој ќе ги победи „сините“ или пак да биде вториот тим после Кожуф кој во Штип ќе извлече бод.
Трите бодови се императив и за двете страни, а влогот за истите е голем, па очекуваме неизвесен меч и голема борба на теренот за триумф од двете екипи.
Следете го соочувањето на Брегалница и Детонит Плачковица во живо на М Нет телевизија, сабота од 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет