
Дали и колку безбедноста на грѓаните е значајно за штипската општинска власт се докажува со тоа што се` уште не е регулирано паркирањето на возилата на тротоарите.
На повеќе локации во градот пешаците се движат по коловозите, а превозните средства се паркирани на тротоари.
Она што е повеќе од значајно е фактот дека во такви случаи пешаците се изложени на опасност од возилата кои се движат по коловозите. Посебно, на места каде нема прегледност и пешаците ги ризикуваат животите поради неизвесноста дали од спротивната страна има, или нема автомобил.

Бидејќи во неколку наврати градоначалникот Благој Бочварски истакна дека безбедноста на учесниците во сообраќајот е приоритет на надлежните институции, тоа што треба да го направат е да ги лоцираат критичните места каде на тротоарите се паркираат возила и да ги заштитат граѓаните.
За да се сузбие ниската сообраќајна култура на учесниците во сообраќајот има повеќе начини – поставување на заштитни столпчиња, повисоки рабници или соодветни казни.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет