Верната “Фаланга” се загрева за важниот меч на Македонија против Украина

Дел од македонската “Фаланга” е во Прага каде Македонија го игра важниот квалификационен меч со Украина на “Епет Арена” во Чешка за ЕП.

Верните навивачи се загреваат за натпреварот кој е на програмата во 15 часот.

Членовите на “Фалангата” дојдоа од Македонија, но и од голем број други градови од Европа.

Атмосферата е одлична, се пеат песни, се загреваат македонски грла за навивање.

Екипата на телевизија М Нет е со навивачите, а меѓу нив има и верни членовите на “Фалангата” од Штип.

М Нет ви ја носи атмосферата од фан зоната на “Фалангата” од Прага пред мечот Украина – Македонија.