Брегалница ја загуби голеадата со “лавовите”, реми на Воска и Брера

Денес со четири натпревари беше отворено 13. коло од Првата лига.

Воска Спорт и Брера Струмица на “Билјанини Извори” ремизираа играјќи 1:1.

Во првиот дел мрежите мируваа, а на стартот од второто полувреме Воска преку Јашароски дојде до водство од 1:0. Гостите од Струмица израмнија преку Галевски, а потоа и останаа без игра помалку. Охриѓани притискаа во финишот за втор гол, но на крај мораа да се задоволат со бод.

Работнички со играч помалку на домашен терен го доби Силекс со минимални 1:0 со голот на Деспотовски.

Тиквеш на домашен терен со 2:2 извлече храбар бод од Гостивар во меч каде гостинот на полувреме имаше 1:2 со головите на Абдула и Атиемвен од пенал, а за Тиквеш погоди Спахиу. Во вториот дел домаќинот остана без играч, а во финишот преку Ивановски дојде до конечни 2:2 и голем бод.

Брегалница ја загуби голеадата во Штип од Македонија ЃП со 2:3 во меч каде “сините” на полувреме губеа со 0:3.

За гостинот од Ѓорче стрелци беа Мишевски, Стојков и Алији.
За Брегалница во вториот дел Велкоски и Калпачки погодија за конечни 2:3.

Утре играа Шкупи и Вардар во скопската пресметка, како и Струга и Шкендија во мега пресметката.