Брегалница остана без Хусеин Демири!

Штипска Брегалница повеќе нема да може да смена на услугите на искусниот фудбалер Хусеин Демири, кој реши да ја продолжи кариерата во нова средина.

По шест месеци Демири ќе продолжи во нов клуб, а во Брегалница пристигна од редовите на Башкими. Претходно, тој во Македонија настапуваше за Охрид, Гостивар, Тетекс, Шкупи, Велезерими, Македонија ЃП и Работнички, а во странство настапуваше за екипи од Косово и Финска.

По заминувањето на Еди Мандак и Дарко Алексовски – Пеле, сега клубот остана без Хусеин Демири, а подготовките стартуваат утре.

Александар Ванев, М-Нет