Благ пад во бројот на хоспитализирани ковид случаи во болниците во Кочани и Штип

Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во штипската болница намален споредбено со вчерашниот ден. Последниот извештај од болницата покажува дека во последните 24 часа новoпримени се четири пациенти, но дома заминале седум. Со ова бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение е 47 и 11 лица на дневна амбуланта. Од хоспитализираните, 39 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 19 лица. Нема регистрирано починати пациенти. Моментално слободни се 10 ковид кревети на Инфективното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

И во кочанската болница бројот на хоспитализирани е намален. Во изминатото деноноќие новопримени пациенти нема, а дома заминале двајца. Со ова бројот на хоспиталзирани е 100 на Интерното одделение, кое работи какао ковид оддел, од кои седум се вакцинирани, а две лица се на кислородна поддршка.

Во општините од Истокот моментално активни се 413 ковид случаи, најмногу во Кочани – 140 и во Штип – 122. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Делчево и Пехчево каде има активни 63, односно 12 корона пациенти.

Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.

Лаура Стојанова М-Нет