
Фудбалската репрезентација на Македонија ја прокоцка првата позрела можност да избие на чело на квалификациската табела играјќи нерешено и без голови против водечката Ерменија. Ова беше прв настап на нашата селекција со нов селектор и без нашата фудбалска икона Горан Пандев. Секоја чест за селекторот Благоја Милевски кој она што го најавуваше и го оствари, односно во тимот се најдоа играчи кои едноставно публиката ги бараше. Играта за око беше допадлива, со мирни сталожени акции, но без завршница со удар кон противничкиот гол или пак со непроигрување на играчите во самиот шпиц на нападот. На неколку пати нашите играчи по несвојствени грешки го оставија голот да виси во воздух, односно ерменците не успеаја да ги крунисат со гол нашите грешки. Селекторот силно веруваше во играчите а тие како да си играа за себе притоа правејќи неопростиви грешки. Како последица на нивната неодговорна и себична игра започнаа и негодувања и свирежи од трибините од со право незадоволните симпатизери кои дојдоа во приличен број да ги бодрат и со повиците „Сакаме победа“се обидуваа да ги охрабрат и да тргнат посериозно.Ова многумина рекоа е добра игра за резултат за во гости, но не и за клучен натпревар кој се игра дома и во кој бодовите се и те како потребни. Сето ова треба добро да се анализира можеби требаше некои измени во поранешната фаза од натпреварот а не при крајот, но има два – три дена до мечот во Рејкјавик со Исланд сето ова да се коригира и да се искрастилизира. На чело на табелата на нашата „ Ј “ група е Ерменија со 10 бодови, следува Германија со 9 а Македонија е на третото место со 7 бодови. На 5 септември Македонија ќе гостува на Исланд а на 8 септември во Скопје доаѓа селекцијата на Романија. Енигматски кажано треба КАРТА за КАТАР и таа треба по овие квалификаци да се обезбеди.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk