
Во Штип одбележана стогодишнината од основањето на Латвија. На свечениот настан присуствуваа градоначалникот на Штип и почесните конзули на Латвија и Естонија, а истиот беше поткрепен со изложба на тема „Сакам да бидам слободен! Јас ќе бидам слободен!“. Изложбата опфаќа архивска граѓа на документи и личности од Државните архиви на Латвија, Естонија и Литванија, зашто, како што рече почесниот конзул на Латвија, овие три држави секогаш заедно ги војувале битките.
„Настан којшто ги презентира посебностите, различностите, традицијата, фолклорот на Република Латвија, можност јавноста во Штип да се запознае со богатото наследство и посебноста на овој народ. Ние како Општина воспоставивме соработка уште пред десетици години наназад со Латвија и навистина ми е драго што ја одржуваме таа соработка. Во наредниот период ќе имаме можност да споделиме искуства за развој на кое било поле. Латвија е една од државите којашто го има изодено патот, а ни го трасира нам како една мала држава, којашто треба да се движи кон овие вредности, кон сето она што значи развој и просперитет за посветла иднина на сите идни генерации“, истакна градоначалникот Јорданов.
Како што потенцираше Јорданов, ваквите настани кои се одржуваат токму во Штип се од големо значење за градот под Исарот, зашто значат продлабочување на соработката, размена на идеи и знаења.
Настанот се одржа во ОМЦ „Киро Глигоров“, а беше на иницијатива и во организација на почесниот конзул на Латвија, Зоран Митровски.
Ребека Спасова М-Нет