Активностите на терен продолжуваат и во Општина Карбинци, Мицкоски и Паунов на увид

Увид во градежните активности во индустирската зона во Општина Карбинци, каде се работи на изградба на два крака, односно две улиции денеска извршија градоначалникот Виктор Паунов и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината, посочи денеска Паунов.

„Се работи за две улици, два крака за целосно инфраструктурно уредување, што подразбира асфалтирање на овие нови улици со тротоарско решение и со атмосферска канализација. Се работи за проект кој е финансиран од Буџетот на Општина Карбинци во износ од девет милиони денари и е од суштинско значење за овој дел“ – кажа Паунов.

Активностите продолжуваат во сите општини во кои има градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ посочи Мицкоски, додавајќи дека се работи не само во големите, туку се вложува и во помалите општини.

“Се работи на секаде каде градоначалниците се од редот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Задоволен сум од ова што го гледам затоа што ова претставува одлична можност каде што општината покажува дека со сопствени средства и домаќинско работење може да се направи многу“ – кажа Мицкоски.

Индустриската зона во Кабнци за неколку години се очекува да изобилува со инвестиции, фабрики со што ќе се подобри економски дел во општината. За ова зборува и фактот дека 90% од површините веќе се продадени.

Во оваа прилика Паунов истакна дека се работи и на повеќе други локации во Општина Карбинци, реконструкција на улици со што се подобрува стандардот на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет