
Академија Пандев пристигна во Анталија каде ќе остане на 11-дневни подготовки, а беше одработен и првиот тренинг на турско тло. „Пандевци“ веќе денес ќе го одиграат првиот контролен натпревар против екипата на Марица Пловдив.
По овој пријателски натпревар, струмичкиот прволигаш ќе се тестира и против екипите на Актобе од Казахстан, потоа Зорја од Украина и Кизилхар од Казахстан, по што „пандевци“ ќе се вратат во Струмица и ќе се одиграат уште два контролни натпревари против Детонит Плачковица и против Беласица.