Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако Врховниот суд вчера ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска.

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме…

Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Сабота, 19 септември 2020

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна на Јанкулоска. Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски.

Текстот Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома е превземен од МАКФАКС.