Штипјанецот Ангел Ѓоргиевски со својата успешна тениска мисија ја зграпчи довербата на Кара Делевињ, Наџа Команечи и ги собра симпатиите на Ана Ивановиќ, Ѓоковиќ, Вознијацки, Халеп, Квитова, Вавринка…

Не случајно ја одбрав фотографијата на Ангел и Ана како репер во тениската сторија на нашиот штипјанец Ангел Ѓоргиевски кој сега е во улога на светски тениски амбасадор . Едноставно со себе си ја носат почетната „ А “ – Азбучна буква во своите имиња која еве во текот на нивниот авантуристи дух ги исфрли во самиот светски џет – сет, Ана како врвна тенисерка а Ангел како совршен џентлмен кој едноставно ја усовршил и дипломирал тениската професија со „ тапија “ која важи за границите на сите светски напоредници и меридијани. Впрочем и двајцата потекнуваат од славниот Балкан од кај што пркосот ги краси и поттикнува да итаат кон височините на врвот со она славно лого „ Добро утро чаршија на сите четири страни “.

А се започна во Штип на така наречените маалски игралишта на кои се чекаше со саати да се дојде на ред за игра, замислите некои дечки за кошарка, други за фудбал а Ангел и другарите за тенис. Чуден е нашиот Штип во кој еве има и универзални игралишта на кои со тек на времето дарбата и талентот на некои од нив, во случајот на Ангел ги исфрлил како катапулт во тенискиот свет за да „слета “ и веќе шест години да работи во карибската држава Сент Китс и Невис во најдобрата светска менаџмент фирма PBI ( Peter Burwash International) како тениски директор и тренер, инаку осмо рангиран ресорт во светот.

Профилот на фирмата е да соработува со најпознатите и најелитни ресорти, хотели и тениски клубови низ целиот свет. Благодарејки на ова Ангел претходно има работено две години во Катар, притоа упатувај’и ги кон тајните на тениската игра членовите на кралското семејство на фотографијата Ангел е со неговата другарка од Штип Наташа Бреслиска.

Подоцна патот го води во Малезија каде што е основач на тенискиот програм во најпознатиот и најреномиран хотел Mandarin Oriental Kuala Lumpur. Паралелно со тенисот Ангел го насетува и мирисот на рајот, не пропуштајќи ја шансата и приликата да поработи на егзотичниот карибски остров Сент Мартин, за да еден период „ тркне “ и во волшебната Атланта, САД на неопходната обука за тенис и менаџмент.

Со задоволство го преточува искуството од Шпанија во Каталонската тениска федерација, на тимот прекрасни експерти кои тенискиот занает го зачинија со шампионска Кадетска титула во женски двојки, вицешампионка на Шпанија во поединечна конкуренција и шампионка на Каталонија. Во Шпанија Ангел учествува во организацијата во Леида на натпреварот во Фед Купот Шпанија и Франција, како и во организацијата на Јуниорското Европско првенство за девојки, одржано исто така во Леида. Интересна е „спојката“ со Шпанија до која дошло за време на студирањето во Софија, подоцна дипломирањето како тениски тренер и магистрирањето на Спортска Психологија. Притоа Ангел хонорарно и сезонски работи во Германскиот Tennis Shulle Willi klub vo Nesebar i Maleevi tenis klub во Софија.

Интересна е судбината на Ангел Ѓоргиевски кој ја запостави својата животна цел да биде забен техничар или подоцна заболекар откако ја заврши средна медицинска школа во Скопје и летна во „орбитата“ на тенисот. Но, овде и тука случајноста го погоди к’сметот на Ангел, белиот мантил и белината на забите ја замени со белиот спорт, највеличенствениот, најјомилениот и светски најпопуларниот спорт, неговото височество тенисот.

Честа како „амбасадор“ на тенисот да се стапне на тлото на 51 светска земја ( Ангел ги посочува посетата на Кинескиот зид и на Перуанскиот локалитет Мачу Пикчу), да се доживеат четирите Глен слем турнири Wimbledon, Roland Gaross, Аustralia Open и US Open и по неколку пати да се присуствува на турнирите во Барселона, Куала Лумпур, Доха, Мадрид, Софија е доживеана благодарејќи на упорноста, талентот, волјата и едноставно меракот за тенисот.

Тој мерак по тенисот Ангел го круниса со безбројни средби со познати светски личности а со стилот и начинот на обука ја шармираше и светски познатиот модел Кара Делевињ, чие видео достигнало гледаност од преку 5 милиони посети. Дека добриот глас надалеку се слуша а професионализмот на Ангел е клучот за успех, се многубројните средби и почитта кои му ја оддаваат за постигнатите резултати светски познатите тениски легенди: Новак Џоковиќ, Зимоњич, Вавринка, Бердих, Халеп, Кербер, Квитова, Мугуруза, Вознијацки, Ивановиќ, Болитиери и други.

Во нотесот на интересните личности на кои Ангел е благодарен се и некогашната гимнастичарска звезда, Наџа Команечи и поранешниот фудбалер на Загребски Динамо и Тотенхем, Нико Крањчар .

Привилегија и чест е наши млади личности да ги полнат спортските терени и да ги красат медиумските страници ширум земјината планета.

Докажувајќи ја својата мудрост кон професијата, идеалот да се претопи талентот кон своите клиенти, упатуваат порака дека скромноста им е особина, почитта им е нивната душа а талентот, одважноста кон успехот – дарба од Бога. Ангел Ѓоргиевски од Штип, го красат сите овие особини со надеж и желба да продолжи по зацртаниот курс на животната траса на неговата кариера.

Драги Герасимов – Пушка