Фудбал: Осогово – Кит Го директно на програмата на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт

Фудбалските второлигаши од групата Исток утре,сабота ќе ги одиграат натпреварите од редовното 22 коло кое поради здравствените мерки и полицискиот час ќе биде со нов термин на почеток. И оваа недела љубителите на фудбалот ширум Македонија, со помош на камерите на Мнет ТВ и благодарејќи на одличната соработка со ФФМ, ќе имаат можност директно да го проследат натпреварот во Кочани. На стадионот Никола Мантов со почеток во 13.00 часот ќе се сретнат Осогово и Кит Го од Пехчево со директен пренос на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт. Еве ги комплетните двојки за ова 22 коло:

  1. Кожув – Каменица Саса
  2. Осогово – Кит Го Пехчево
  3. Плачковица – Брегалница
  4. Росоман – Тиквеш
  5. Победа – Слога

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 10 април 2021 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk