Фудбалерот Алпај Јусуф e нов играч и денес ќе настапи во дресот на Кит Го против Осогово

Денес завршија сите формалности околу ангажманот на младиот играч Алпај Јусуф и тој потпиша договор и е нов фудбалер на тимот на Кит Го. Според информацијата од генералниот секретар на Кит Го, Јованче Пилешков 22 годишниот играч од средниот ред попладнево ќе има право за настав за тимот на Кит Го во натпреварот против Осогово од Кочани. Овој пријателски контролен натпревар ќе се одигра на реновираниот и обновен стадион во Суитлакот со почеток во 17.30 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk