Филип Деспотовски ќе го води Кожуф и следната сезона!

Во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига екипата на Кожуф нема да менува на тренерското столче, односно Филип Деспотовски останува на тренерското столче и во следната сезона.

Кожуф и Деспотовски веќе ги прават подготовките за новата сезона, па така на 25. јуни е закажана прозивката за новата сезона, а веќе се прават и плановите за засилувања. Клубот за оваа сезона ќе има високи амбиции во однос на ланската сезона, сега Кожуф ќе сака да се вмеша во горниот дел од табелата и местата кои водат кон Првата лига.

Како што веќе објави телевизија М Нет, капитенот Бојан Иванов си замина од клубот, а Кожуф веќе ги разгледува опциите за неколку квалитетни засилувања пред се со фудбалери кои имаат прволигашко искуство.

Кожуф минатата сезона имаше и една тренерска промена, Трајче Сенев замина, а на негово место дојде Филип Деспотовски, во една турболетна пролет, Кожуф заврши на 10. место на табелата со скор од 11 победи, пет ремија и 14 порази и освоени 38 бодови.

Следната сезона во Втората лига ќе биде доста неизвесна околу опстанокот, но и околу врвот и местата кои водат кон елитата.

Александар Ванев, М-Нет