Телевизија „МНет ХД“ веќе е достапна во кабелскиот оператор „Телекабел“

Телевизија „МНет ХД“ е нова регионална телевизија во источниот дел на Република Северна Македонија и својата програма ќе ја емитува во 12 општини.

Веќе од денес 02.10.20 е пуштена во дигиталниот пакет на кабелскиот оператор „Телекабел“ на фреквенцијата 754 000, simbol rate 6900 QAM 256, а за аналогниот пакет ќе ве информираме дополнително.

Што се однесува до реемитувањето на нашиот канал во другите кабелски оператори очекуваме тоа да се случи во најбрз временски рок.