Со злато и сребро се закити штипската оперска певица Виолета Арсовска од два натправри во Русија и Америка

Со злато и сребро се закити штипската оперска певица Виолета Арсовска од два натправри во Русија и Америка. Станува за два меѓународни онлајн натпревари на кои се пријавила во текот месец декември. Најпрвин учество земала на натправарот во Русија кој се карактеризира како еден од натправрите со построги критериуми. Таму го освоила второто место, а прва награда не се доделило.

„Станува збор за два он лајн натпревари, Интернационален натпревар во Атланта во Америка и Интернационален натпревар во Русија. Сосема природно и спонтано почетокот на декември месец конкурирав на двата натпревари. Се пријавив во Русија иако знаев дека е еден од потешките натпревари. Со наши дела како „Со маки сум се родила, Шарпланинска приспивна и една нивна“ – вели Арсовска.

Арсовска се пријавила и на натпревар во Америка каде го освоила првото место и е апсолутен победник, а со награди од Америка се вратиле и двајца нејзини ученици. Дополнително добиле покана за гостување во Лондон и Њујорк.

„Потоа аплицирав прво за учениците Панче Стојчев кој освои прва награда и Лина Благоевска која што освои втора награда. Овде во Атланта Америка решив да се преставам и со мојата омилена композиција „Марика мома убава“. – додава Арсовска.

Арсовска продолжува со активности како на сцена со настапи така и со вложувања за своите ученици.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет