„Сопка“ за Надал! Десетта среќа за Диего Шварцман во Рим

Рафаел Надал нема да игра за десетта титула од Мастерсот во Рим, откако во шокантен меч загуби со 6:2/7:5 од Диего Шварцман, откако малиот Аргентинец во 10-тиот меч против „кралот“ на земја ја оствари првата победа.

Ова дефинитивно е меѓу најголемите победи во кариерата на Шварцман, кој покрај тоа што го немаше победено Надал, првпат во својата кариера победи тенисер во топ 5 (1-22 скор).

28-годишниот Аргентинец во полуфиналето на „Форо Италико“ ќе игра со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој со 6:2/3:6/6:2 го победи Григор Димитров во четврт-финалето. Во второто полуфинале ќе играат светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и Норвежанецот Каспер Руд.

Текстот „Сопка“ за Надал! Десетта среќа за Диего Шварцман во Рим е превземен од МАКФАКС.