Северна Кореја ќе ги објави книгите за Хари Потер

Северна Кореја ги прифати книгите за Хари Потер на Џоана К. Ролинг, 23 години откако е објавено првото дело.

Северна Кореја е позната по строгата контрола и цензура над литературата која граѓаните може да ја читаат. Но, сега цензорите ја прифатиле книгата на светски познатата писателка.

Сепак, пред да бидат објавени, книгите мора да ја поминат контролата на Сојузот на писатели, а потребно е да бидат прифатени и од Работничката партија.

Свернокорејскиот режим, на чело со Ким Џонг-ун, има строг систем за регулација кога е во прашање меѓународната литература и други содржини. Во земјата се забранети странски забавни содржини, како филмови и музика.

Текстот Северна Кореја ќе ги објави книгите за Хари Потер е превземен од МАКФАКС.