Решен шпанскиот „јазол“ – Фуенлабрада ќе добие шанса да влезе во Ла лига

Шпанскиот второлигаш Фуенлабрада ќе добие шанса да избори бараж за влез во првата лига, откако Ла лига дозволи во среда да се одигра мечот против Депортиво Ла Коруња, кој беше откажан по позитивниот тест на КОВИД-19 на повеќе фудбалери на клубот.

Фуенлабрада потврди дека имаат 28 позитивни случаи во својот прв тим и во базата на клубот во Мадрид, по што Ла лига објави дека поради „виша сила“ мечот е откажан.

По последното коло во втората лига, на Фуенлабрада им беше потребно реми за да се вратат на шестото место и да влезат во баражот за влез во Ла лига, но лигата првично реши да го додели ова место на Елче. Сега, во среда против Ла Коруња, тим веќе испаднат во третата лига, ќе можат да се борат за местото.

Уеска и Кадиз автоматски влегоа во првата лига, додека Реал Сарагоса, Алмерија и Џирона се останатите три тима кои ќе се борат за последното место. Првите мечеви од полуфиналето се играат на 13 август, а ревашните три дена подоцна. Финалето во две рунди ќе се одигра на 20 и 23 август, само три недели пред стартот на новата сезона на 12 септември.

Текстот Решен шпанскиот „јазол“ – Фуенлабрада ќе добие шанса да влезе во Ла лига е превземен од МАКФАКС.