Проблем за ПСЖ – Четворица ја пропуштаат Аталанта

ПСЖ скапо ја платија титулата која синоќа ја освоија во Лига купот. „Светците“ по изведувањето на пенали го победија Олимпик Лион со 6:5. Труимфот со кој ПСЖ ја обезбеди тројната круна во Франција оваа сезона мина во знакот на повредите со кои се здобија тројца фудбалери.

финалето во Лига купот предвреме го завршија Мауро Икарди, Левин Курзава и Тијаго Силва. На претходниот меч, финалето на Купот, се повреди Килијан Мбапе.

Според француските медиуми Мбапе нема да игра против Аталанта во четврт-финалето во Лигата на шампионите, додека под голем знак прашалник се тројцата кои се повредија синоќа.

ПСЖ во четврт-финалето во Лигата на шампионите ќе игра на 12 август против Аталанта.

Текстот Проблем за ПСЖ – Четворица ја пропуштаат Аталанта е превземен од МАКФАКС.