Приведени возачи во Штип и Виница, пијани учествувале во сообраќајни незгоди

На 10.11.2025 во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од с.Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево. При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта. 

На 10.11.2025 на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип. Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д.. 

По целосно расчистување и документирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.