Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие.

Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус

Во болницата во Тирана, почина познатиот албански пулмолог Анибал Бибери (53). Тој прво се лекувал во домашни услови, но пред неколку дена бил префрлен во болницата.

Тој е трет лекар кој ја загубил битката со ковид-19. Во Албанија деновиве е забележан голем пораст на бројот на новозаболени. Во земјата два дена по ред беа регистрирани рекордни бројки од почетокот на панедмијата.

Нови седум починати и 250 заболени од Ковид-19 во Косово

Седум лица починаа, а 250 се регистрирани како позитивни на коронавирус во Косово, во изминатите 24 часа.

Заега 256 лица ја загубиле битката со вирусот во земјата, а се заразиле 9.049 лица, од кои 4.989 се излекувале. Како активни носители на вирусот во Косово се водат 3.804 лица.

Во Србија 258 новозаразени, најмалку од крајот на јули

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 258 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починале 8 лица. Извршени биле 7168 тестирања. Во земјата на ресиратор се наоѓаат 146 пациенти.

Ова е најмал број на новозаразени лица од 29 јуни, кога биле регистрирани 242 случаи.

Во Грција 77 новозаболени, починаа 2 лица

Во изминатите 24 часа во Грција регистрирани се 77 новозаразени од коронавирус, а починале 2 лица. Најголем дел од новозаразените се од областа Атика, поширокиот дел на Атина.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 4.737 случаи, а починаа 210 лица.

Во Бугарија 119 нови случаи на коронавирус

Во Бугарија се регистрирани 119 нови случаи на коронавирус, од направени 1.500 тестови.  Падот на новите случаи е резултат на помалку тестови, што е вообичаено за време на викендите, информираат бугарските медиуми.

Пријавени се уште три жртви на вирусот, а 46 пациенти се уште се лекуваат во единиците за интензивна нега.

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија изнесува 11.955 лица. Излечени се 6.420, а починале 388 луѓе. Во моментов,  5.147 случаи се водат како активни.

Текстот Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени е превземен од МАКФАКС.