Пет осудени лица и тројца вработени во КПД Затвор Штип позитивни на Ковид 19

Излегоа тестовите за ковид 19, за осудените лица во Казнено порваниот дом Затвор Штип. Откако во вторникот директорот на Затворот, Мики Тодоров, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека по двајца вработени во оваа установа позитивни на ковид 19, на тестирање се носат и дел од осудените лица, денеска истакна дека зарзени се тројца вработени и пет затвореници. Осудените лица се во добра здравствена состојба истакна Тодоров.
Според шпекулации еден од зарзените е и екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Чавков, но дирекоторот на затворот, Тодоров без коменатр, за зачувување на идентитетот и интегритет на осудените лица.

Лаура Стојанова М-Нет