
Македонскиот голман Столе Димитриевски официјално е нов фудбалер на Валенсија, откако денес 30-годишникот беше претставен во новиот клуб.
Македонскиот репрезентативен голман беше промовиран како нов играч на Валенсија, откако шест сезони го чуваше голот на Рајо Ваљекано, каде што со одлиучни настапи го привлече вниманието на многу клубови во Шпанија, а притоа стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо Ваљекано.
Димитриевски со Валенсија потпиша двегодишен договор, односно истиот има важност до јуни 2026 година.
Официјалната промоција на Димитриевски со медиумите ќе следува во следниот период, а Македонецот беше претставен на интересен начин како еден од најдобрите во шпанска Ла Лига.
Валенсија сезоната ја заврши на деветтото место на табелата со 53 бодови, четири помалку од Бетис кој заврши на седмото место и обезбеди квалификации за Конференциската лига.
Александар Ванев, М-Нет