
Во време на пандемија, кога цел свет застанува така кажано во место, се стопираат ратите за кредите, давачки, исплати, помош се нуди за зајакнување на економијата која и така веќе е падната, останаа да функционираат само опомените пред тужби или тужбите за граѓаните, кои од различни причини не исплатиле месечна рата за вода во Општина Штип. И да во ред, да се опоменат граѓаните за тужба доколку има енормно голема не платена сума, но што се случува кога не се платени само 355денари? Каде се изгуби човечноста, за да во вакви времиња се поднесуваат тужби односно опомени за смешни суми. Во поплаки од граѓаните на Општина Штип, дознаваме дека Јавното претпријатие „Исар“ издало опомена пред тужба за долг од 355 денари, со што поголеми се давачките за тужбата и последиците од истата отколку сумата за неплатена вода. Според ЈП „Исар“, регуларност е да се издаде ваква опомена за тужба бидејќи делото застарува по 1 година за физички лица и по 3 години за правни лица.
„Значи знаете дека за правните лица застарува за три години, а за физичките за една година. Ние на 6 месеци, тоа е компјутерски направено ние да ги опоменуваме или тужиме граѓаните“ – стоеше во изјавата на Тасев, директор на ЈП„Исар“.
Овие опомени кои се издаваат пред тужби, се нормален процес кој се случува постојано, и немаше никакво негово преголемо форсирање во предовогодишните празници. Исто така, постапката се извршува компјутерски, што значи дека без разлика колкава е сумата опомената или тужбата ќе пристигне.
Лаура Стојанова М-Нет