Од дневникот на Трајче Кацаров

РЕКА

Треба да си ја сакаш реката
Онаа што извира во детството
Се излива во младоста
А во староста се труди
Да те ослободи
Од сите лузни и закани
Треба да си ја сакаш реката
Во која и кога„ матните“ ќе ја однесат
Ќе го ловиш животот
И со уловот ,каков-таков,
Ќе гледаш да го „истуркаш“ векот
Како корпата кон касата
Во супермаркетот
За да се наплати насобраното во неа.

Надица Стојковска / М Нет