Одбојкарите на Штип УГД подготвени за европското деби: Во Челинџ Купот против екипата на Кол Ил од Норвешка!

По двете освоени Куп титули, одбојкарскиот клуб Штип УГД испишува нова историја, овој пат европска со деби настап во Челинџ Купот против екипата на Кол Ил од Норвешка, екипа која исто така ќе го има своето европско деби како штипскиот клуб.

„Бидејќи преку ова прес конференција сакаме да го најавиме нашето европско деби односно народски кажано нашето огнено кршевање на европско сцена, со тоа што ќе настапиме на во европскиот Челинџ Куп за првпат во нашата историја како Штип УГД. Поконкретно настапуваме против екипата на Кол Ил од Осло, Норвешка, екипа која исто така, за првпат ќе настапува во европските купови“, вели портпаролот на ОК Штип УГД.

Првиот меч се игра во Осло, Норвешка веќе во среда, а реваншот ќе биде на 19 ноември односно следната среда. Атмосферата во таборот на штипјани е позитивна пред првиот историски европски предизвик.

„Околу атмосферата во екипата можам да кажам дека е доста позитивна. Сите сме свесни за овој голем натпревар за нас историски, прво европско натпреварување од ваков тип општо за нашиот клуб и на поголема сцена и градот Штип. Во врска со играчите мислам дека сите се спремни, доста мотивирани, напорно работеа сите во изминатиот период, тоа можеме да кажеме дека имавме неколку контролни натпревари на почетокот на сезоната со појаки екипи, кои што ни служеа чисто да ги видеме нашите недостатоци на што повеќе на посветиме внимание. Имавме голем период, поточно месец два да ги санираме тие работи“, вели капитен на ОК Штип УГД, Ѓорги Крстевски.

Норвешкиот тим е постар од штипскиот, а како што вели Мирасчиев се работи за доста искусна екипа, но сепак тоа нема да претставува проблем за Штип УГД.

„Самата екипа која не’ очекува во Норвешка е доста искусна и генерално постара од нас, но сепак тоа не е некој предизвик на кој што ние не можеме да дадеме одговор. Генерално, нашата екипа веќе трета сезона се краси со таа младост која од година во година ја докажуваме и докажуваме дека може да се носи со доста поголеми предизвици. Како што знаете актуелен шампион на Македонија не сме ние за жал, но сме освојувачи на Купот на Македонија веќе втора година по ред. Се надеваме дека нашите капацитети и амбиции ќе ги покажеме и во Норвешка, се надеваме на доста квалитетен натпревар можам да кажам. Според сите анализи и оние таргет групи кои сме ги направиле се соцел да ги најдеме слабите страни самата екипа. Мислам дека може да очекуваме доста интересен меч и се надевам 0-3 за нас“, вели одбојкарот Михајло Мирасчиев.

Реваншот нема да се одигра во Штип, туку во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, таму штипјани ќе го пречекаат норвешкиот тим.

„За жал натпреварот нема да се одигра во Штип, па затоа би сакал овојпат сите штипјани да ги известам, генерално и целата јавноста дека вториот натпревар односно реваншот на домашн терен ќе се одигра во салата во Радовиш на 19 ноември“, дополнува Мирасчиев.

Кол Ил е сериозен тим кој има одлично отварање на новата сезона, а минатата сезона бил вицешампион во Норвешка.

„Нашиот противник е исто така вицешампион во минатата сезона исто така нас. Мометално нивниот скор како што видовме последно е 5-0 исто односно пет победи на пет одиграни, но има исто така изненадување и во нивната лига. Генерално, има натпревари кои што требало да ги завршат да кажеме со максимален резултат, па ги завршиле со послаб резултат. На тие направени анализи слободно може да кажеме ги гледаме нивните слаби страни, но сепак ќе кажам доста искусна екипа, доста постара екипа која што со години игра заедно“, вели Мирасчиев.

Штипјани се подготвени за големиот европски предизвик, утре тимот заминува за Норвешка, во среда следува дебито односно првиот меч, а пак следната среда на 19 ноември во Радовиш ќе се одигра реваншот. Штипјани веруваат во своите квалитети и најавуваат европски победи, за испишување на нова клупска историја.

Александар Ванев, М-Нет