„Новиот Пепе“ – Алан Ниом ја „скрши“ Барса, стартови на раб на картон

Фактот што Барселона загуби кај Хетафе само по себе предизвика внимание во Шпанија, а посебен дел од приказната е играчот на победничката екипа – Алан Ниом.

Главна алка во победничката екипа беше токму дефанзивецот кој беше ноќна мора за играчите од Каталонија.

„Тепаше“ велат едните, „Ја искористи својата физичка сила“ велат другите. Трети дофрлаат „Тоа е новиот Пепе“.

Ниом вчера направи 8 прекршоци, ниту еден лесен, сите на работ на картон, најчесто со лакт.

Притоа имаше и што да им порача на противниците:

„Имаш 18 години, а така се излежуваш“ му порача Нион на Ансу фати при еден дуел.

Дефанзивецот имаше што да му порача и на тренерот на Барса, Роналд Куман. Следуваше жалба од Холанѓанецот.

„Ми кажа 2-3 многу грди работи што не би сакал да ги повторам. Ме навреди. Му кажав на колегата дека треба да поразговара со својот играч, затоа што во модерниот фудбал не може да се толерира вакво однесување“ – рече Куман по мечот.

Текстот „Новиот Пепе“ – Алан Ниом ја „скрши“ Барса, стартови на раб на картон е превземен од МАКФАКС.