
Воска Спорт остана без Никола Стипјеовиќ кој кариерата ќе ја продолжи во Косово во дресот на Сухарека.
30-годишникот си заминува од охридскиот прволигаш, а пристигна од редовите на црногорскиот тим Сутјеска Никшиќ минатото лето. Во дресот на Воска Спорт, црногорскиот интернационалец одигра 32 натпревари, постигна еден гол, а запиша шест асистенции, како стандарден играч на Воска Спорт во Првата македонска фудбалска лига одигра 2769 минута.
Стијеповиќ во новиот клуб од Косово беше претставен како еден од најквалитетни дефанзивци, а спортскиот директор Гранит Дервишоли ја изрази својата среќа што постигнал договор со искусен и многу квалитет фудбалер, од кој очекува да ги исполни клупските цели.
Во својата кариера Стијеповиќ покрај за Воска Спорт и Сутјеска Никшиќ има настапувано и за Рудар Пљевља, а настапуваше и за Кастриоти од Албанија и Торпедо Куатиси во Грузија.
Како што веќе објави телевизија М Нет од Воска Спорт си замина и Ален Јашароски, Фатјон Јусуфи и голманот Костадин Захов.
Александар Ванев, М-Нет