Министерот за финансии на Франција позитивен на Ковид-19

Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер, соопшти дека е позитивен на  коронавирус.

Тој на „Твитер“ напиша дека немал симптоми и дека ќе продолжи со работа од дома.

Мер наведува дека ќе биде во изолација седум дена.

„Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот“, напиша Мер.

Минатата недела францускиот премиер, Жан Кастекс, соопшти дека е позитивен на Ковид-19. Тој се заразил по контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс.

Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени.

Текстот Министерот за финансии на Франција позитивен на Ковид-19 е превземен од МАКФАКС.