„Макфест“ 2020 може да започне

За прв пат под отворено небо наместо митинзи, распеани ноти ќе се слушнат од плоштадот „Слобода“. Сите услови се исполнети  и целокупната организација  е на завидно ниво. „Макфест“ е вториот фестивал во Македонија што  е организиран во Корона криза, велат  од националната македонска радио телевизија – МРТВ, најдоследниот следбеник на оваа манифестација кој цели три ипол децении. „Макфест“ оваа година ќе биде магичен најавуваат уметниците кои велат дека единствено песната може да и се спротивстави на лошата енергија од здравствен аспект. И годинава  „Макфест“ ќе биде пренесуван во живо и за прв пат секоја изведба и амбиент ќе биде регистриран со дрон.

Впечатокот на најзаслужниот за макфестовските евергринови, Григор Копров е дека „Макфест“ оваа година ќе наликува на „Сан ремо“.

Дека се е подготвено и се е според  пропишаните протоколи за отпочнување на јубилејот говори и главниот во организацискиот тим, Кирил Панајотов.

„Под строги мерки ќе се случува празникот на песната кој значи афирмација на нашиот град и регионов. Дваесет и пет волонтери ќе ги спроведат сите протоколарни мерки на посетителите ,настапувачите и новинарите.

Следењето на првата ревијална вечер на која ќе настапатЏина Папас Џокси,Трајче Манев, Група “Интервали“, Лидија Кочовска, Мики Јовановски Џафер, Дарио, Ристо Самарџиев и Олгица Христовска. Ќе се одвива по специјален сообраќаен режим.

„Забрана за движење на сообраќајот по улицата Маршал Тито, до хотелот Оаза, со ова се овозможува послободен проток на пешаци. Со еден збор се е подготвено за старт на „Макфест 2020“

Од локалната самоуправа упатуваат апел за доследно почитување на  сите протоколи на овој празник на музиката кој сепак ги става во искучение сите посетители за миг да заборават на коронавирусот. Поради безбедносни причини и сите влезови на околните згради на плоштадот „Слобода“ се затворени .

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет