Курзава останува во ПСЖ до 2024-та

Левиот бек на францускиот шампион, ПСЖ, 27-годишниот Лајвин Курзава го продолжи договорот со „Светците“ од Париз.

Курзава кој со ПСЖ освои 13 трофеи на „Паркот на принцовите“ дојде во 2015 година од екипата на Монако за 25 милиони евра.

Тој во ПСЖ, според новиот договор, ќе остане до 2024 година.

Оваа сезона тој имаше 23 настапи за својот клуб во сите натпреварувања. Постигна еден гол, а имаше и две асистенции.

Текстот Курзава останува во ПСЖ до 2024-та е превземен од МАКФАКС.