Кривична пријава против лице од Виница за разбојништво

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Н.Ј.(36) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 20.12.2021 во обложувалница на ул.„Маршал Тито“ во Виница, пријавениот со закана кон вработениот одзел пари од дневниот промет.